Барселона пронајде нова „деветка“, се чека дозвола за трансфер од Примера

Анхел

Повредите на Осман Дембеле и Луис Суарез го натераа раководството на Барселона да бара нов напаѓач.

Истиот се чини го пронајде во Хетафе, ако му се верува на пишувањата на каталонски „Спорт“. Анхел Родригез е блиску до соработка со клубот од „Камп Ноу“, кој чека дозвола за трансфер од Примера.

Доколку биде добиено „зелено светло“, фудбалерот ќе има можност да игра само во домашниот шампионат. Тој ќе има простор да се докажува во преостанатите 14 натпревари од тековната сезона.

29-годишникот постигна девет гола и има подобар просек од Меси и Суарез според одиграните минути во дресот на Хетафе.

Трансферот се очекува да биде заклучен за сума од десет милиони евра.