• Мартин Танасковски
Екипата на Барселона на полн „Камп Ноу“ одигра спектакуларен натпревар и го елиминираше Баерн Минхен со победа од 4-2, по ремито на првиот натпревар (1-1) во Минхен.
- Извештај од натпреварот:
Барса одигра одличен реванш пред своите навивачи. Салма Параљуело го отвори резултатот, Алексија Путељас постигна два гола, а во листата на стрелци се запиша и Ева Пајор. За Баерн стрелец беше прво Линда Далман, а потоа и Пернил Хардер. Големото финале на Лигата на шампиони за жени ќе донесе спектакуларен дуел меѓу Барселона и Олимпик Лион.
За каталонскиот тим ова ќе биде шесто последователно финале, а ќе се бори за својата четврта европска титула. Од друга страна, Лион, најтрофејниот клуб во историјата на натпреварувањето, ќе атакува на деветтиот трофеј.
Францускиот гигант обезбеди пласман во финалето со победа од 3-1 против Арсенал, иако го загуби првиот натпревар со 1-2. Венди Ренар донесе водство од пенал, Кадидиату Дијани зголеми на 2-0, додека Алесија Русо накратко го врати Арсенал во игра. Сепак, Јуле Бранд во финишот го завери триумфот на Лион.
Финалето е закажано за 23 мај во Осло, на стадионот „Улеваал“, каде ќе се одлучува новиот европски шампион.