Барселона постигнала договор со Лука Јовиќ, голгетерот налето се сели на „Камп Ноу“

Српскиот напаѓач и откритието во Бундеслигата оваа сезона, Лука Јовиќ, ги договорил личните услови со екипата на Барселона, пишуваат германските медиуми.

Овој случај го споредуваат со оној на Френки де Јонг, кој најпрво се договори за својата плата, а потоа ја официјализира соработката со Каталонците. Зборовите на Србинот дека сака да игра во Лигата на шампионите наредната сезона се само потврда дека негова намера е да ја промени средината.

Јовиќ, кој игра за екипата на Ајнтрахт Франкфурт како позајмен фудбалер од Бенфика, има постигнато 14 гола во тековната сезона што го прави најдобар стрелец во германскиот шампионат.

21-годишникот ја започна кариерата во Црвена Звезда, а пред три години го направи првиот голем трансфер, кога се пресели во Португалија. За него постои интерес од многу екипи во Европа, но се чини дека Барса повторно ќе ја претекне конкуренцијата и ќе започне соработка со уште еден млад талент.