Барселона објави соопштение: Останува верна на проектот Суперлига!

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона објави соопштение и потенцира дека нема да ја напушти Суперлигата и верува во проектот, иако десет останати великани од Англија, Шпанија и Италија се откажаа од идејата за формирање на оваа лига.

Барселона заедно со Реал Мадрид се единствените екипи кои остануваат да се борат за ова ново натпреварување на богатите екипи од Европа. Флорентино Перез од Реал Мадрид е главен на натпреварувањето, а Барселона со соопштението ги изненади навивачите.

Барселона потврдува дека останува во Суперлигата, но исто така вели дека потребни се многу работа и реформи. Конечната одлука околу учеството на клубот и улогата во ова натпреварување ќе биде донесена во периодот кој следи, а ќе се разгледаат и причините за незадоволство на навивачите.

Во соопштението се наведува дека Барселона одлучи да остане дел од Суперлигата затоа што ако одбие, а успее проектот, може да биде губитник. Навивачите на каталонскиот клуб не се задоволни од одлуката, а некои екс-играчи на тимот се огласија со негативни коментари.

Претходно, од Суперлигата се откажаа Атлетико Мадрид (Шпанија), Милан, Интер, Јувентус (Италија), Манчестер Сити, Арсенал, Челзи, Ливерпул Тотенхем, Манчестер Јунајтед (Англија).