• Мартин Танасковски
Шпанска Барселона ја зголеми понудата за Родри и сега на Манчестер Сити му нуди околу 60 милиони евра плус бонуси, откако првата понуда од 45 милиони евра плус бонуси била одбиена.
Англискиот клуб и натаму бара околу 80 милиони евра за шпанскиот репрезентативец, но преговорите продолжуваат и двете страни се надеваат на компромисно решение. Според повеќе извори, Родри веќе има договорени лични услови со Барселона и е подготвен за враќање во Шпанија. Се споменува четиригодишен договор со годишна плата од околу 15 милиони евра.
Фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека Барселона испратила нова усна понуда вредна 60 милиони евра со бонуси, додека Манчестер Сити останува на проценката од 80 милиони евра. Клучна улога во евентуалниот договор би можеле да имаат токму бонусите.
Доколку трансферот се реализира, тоа би бил еден од најголемите зделки во летниот преоден рок, а Родри би требало да стане главно засилување на средниот ред на каталонскиот гигант.







