Барселона не застанува, бразилската надеж Таилсон пред портите на „Камп Ноу“

Барселона пред неколку дена го обезбеди потписот на Антоан Гризман и го комплетира најголемиот трансфер ова лето, но сè уште е активен на пазарот. 

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Каталонците ќе бидат посилни и за младата бразилска надеж од Сантос, Таилсон Пинто Гонкалвеш. Наводно сите детали се договорени и во следните дена се очекува 20-годишниот играч за врска да стави потпис на тригодишна соработка со шпанскиот шампион.

Доколку пристигне на „Камп Ноу“ првата сезона ќе ја мине во вториот тим на Барселона, па доколку ги задоволи вкусовите на Валвереде ќе биде прекомандуван во првиот тим. 

За овој трансфер Барселона нема да издвои ниту едно евра, затоа што Таилсон и Сантос не се договорија за нова соработка и сега е слободен фудбалер.