Барселона ќе го враќа своето „дете“ со понуда вредна 40 милиони евра

Дел од германските медиуми пишуваат дека спортскиот директор на Барселона, Деко, разговара со управата на Баер Леверкузен за трансфер на левиот бек, Алехандро Алекс Грималдо. 

Шпанецот веќе две сезони е незаменлив во тимот на „фармацевтите“, но Барса сака да го доведе во своите редови и се шпекулира дека веќе е постигнат првичен договор меѓу двете страни. Трансферот на Грималдо би бил уште полесен за реализација ако од клубот замине тренерот Чаби Алонсо, а преминот би чинел околу 40 милиони евра. 

Деко во него гледа идеално решение за левата бековска позиција, а голем „плус“ во овој трансфер е и што Грималдо ќе има можност да се врати во родната земја и да настапува за Барселона, каде всушност и ги направи своите први фудбалски чекори. 

Грималдо започна во вториот тим на Барселона, а потоа се пресели во Бенфика, каде одигра 197 натпревари. Во Баер Леверкузен пристигна пред две години и вкупно запиша 62 настапи во Бундеслигата.