Барселона ќе го пополни местото на Дембеле со играчи од „Ла Масија"

Новата повреда на Оусман Дембеле поттикна шпекулации дека Барселона уште во јануари ќе тргне по замена за играчот. Французинот има проблеми со повредита, а со оглед на тоа што ова му е веќе шеста оваа календарска година Барса мора да размислува што ќе прави. 

Во јавноста веќе почнаа да кружат гласини дека ќе се потпише краткотраен договор со некој играч како што лани беше Кевин Принс Боатенг, но шпанските медиуми јавуваат спортивно. Според нив веќе е одржан состанок на управата и тренерот Валверде, а одлучено е шанса да добијат Карлес Перез и Ансу Фати од „Ла Масија". 

Младите играчи веќе добија шанса да настапат за првиот тим, а двајцата се смета дека се големи таленти во фудбалот. Барселона размислувала и да доведе играч на позицијата на Дембеле, но не сакаат да ризикуваат психичкиот притисок да го уништи скапо платеното крило.

Исто така клубот мора да го намали трошењето поради високите трансфери изминативе години. Се очекува и буџетот за плати да биде растеретен со играчи што не добиваат шанса како Иван Ракитиќ