Барселона ја тресе криза – нема да ги носи ниту Лаутаро, ниту Нејмар

Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу, откри дека управата нема намера да дава пари за нови имиња како што се Лаутаро Мартинез и Нејмар, двајцата напаѓачи кои веќе подолго време се поврзуваат со трансфер во клубот.

Бартомеу пресече и истакна дека ниту едниот, ниту другиот се мети, затоа што Барселона бележи голема криза. Загубите за неколку месеци достигнале нешто околу 200 милиони евра, а се очекува кризата да продолжи и истите да растат поради неможноста да има гледачи на стадионите, посетители на музеите, на фан-шоповите...

„Барселона имаше разговори со Интер околу Лаутаро, но истите се ставени на чекање на обострана одлука. Моменталната ситауција не ни дозволува трансфери. Истото е и со Нејмар. Во моментов тој не доаѓа. Исто така и ПСЖ не сака да го продаде затоа што е еден од најдобрите играчи во светот. Клубот меѓу март и јуни доживеа загуба од 200 милиони евра. Ако ситуацијата не се поправи, ние ќе продолжиме да губиме пари. Тоа ќе направи да направиме ревизија на што и како ќе трошиме во иднина“, изјави Бартомеу.

Барселона оваа сезона заврши на второто место во Примера и шампионската круна му ја предаде на Реал Мадрид.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.