Барселона ја пронајде замената за Алба во Баерн Минхен

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона ќе продолжи да биде активна на трансфер пазарот.

Во очекување на кам-бекот на Нејмар, Каталонците сега тргнаа и по засилување во дефанзивата. Се работи за фудбалер на левата бековска позиција кој ќе биде конкуренција за Жорди Алба.

Давид Алаба од Баерн Минхен е името кое се поврзува со екипата од „Камп Ноу“. 27-годишниот австриски репрезентативец има пазарна вредност од 55 милиони евра.

Неговиот договор со германскиот првак истекува во јуни 2021 година. Во редовите на Баварците е од 2010 година, откако претходно ги помина младинските категории на клубот.