Барселона ја гради иднината, потпиша со млад белгиски талент од Клуб Бриж

Шпанската Барселона продолжува со вложувањето во младите фудбалери, а ново име во проектот на каталонскиот клуб е Џеси Бисиву.

18-годишниот Белгиец потпиша договор со Барса до 2031 година, откако пристигна од Клуб Бриж. Иако клубот не ги објави финансиските детали, шпанските медиуми пренесуваат дека трансферот изнесува околу 8,5 милиони евра.

Бисиву го официјализираше потписот во присуство на претседателот Жоан Лапорта, потпретседателот Рафа Јусте и спортскиот директор Деко.

Младиот фудбалер е редовен репрезентативец во младинските категории на Белгија, а во Барселона го гледаат како инвестиција за иднината и дел од долгорочниот план за создавање нова генерација играчи.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.