• Иван Димовски
Натпреварот кој на осми март требаше да го одиграат Барселона и Осасуна во рамките на 27. коло на шпанската Примера.
Поради смртта на докторот на каталонскиот тим Карлос Минаро Гарсија челниците на Ла Лига прифатија одложување на средбата, а сега одредија нов термин. Барселона ќе ја дочека Осасуна веднаш по репрезентативната пауза на 27 март, четврток во 21:00 часот.
Само три дена подоцна каталонскиот гигант е домаќин на Џирона в недела, а во седмицата потоа ќе игра со Атлетико Мадрид во Купот на Кралот и Бетис во првенството.