Барселона „го врза“ својот голем талент, навивачите задоволни од управата

Каталонскиот фудбалски гигант, Барселона, соопшти убава вест за сите свои навивачи. Клубот официјално го продолжи договорот со талентираниот Фермин Лопез Марин, кој потпиша соработка со важност до 2029 година. 

21-годишниот Лопез имаше проблеми со повредите, но се работи за играч кој може да покрие повеќе позиции во средниот ред, а тренерот Ханси Флик му укажа доверба и му даде шанса за настап на последните три натпревари (забележа две асистенции на мечот со Баерн Минхен).

Се работи за еден од играчите кои треба во иднина да бидат носители на тимот, па затоа навивачите на Барса го поздравуваат потегот на управата и очекуваат од Лопез да блесне со сиот сјај во иднина. 

Лопез е „дете“ на Барселона, а во младинските категории настапуваше уште за тимот на Лињарес.