Барселона го продава младиот талент, хрватски третолигаш „навива“ за трансферот

Хрватскиот третолигаш, ФК Кустошија, ги трие рацете во очекување на новиот трансфер на младиот Микаил Фаје, кој токму од овој клуб замина во редовите на Барселона, а за него веќе се нудат многу милиони евра за трансфер во големите европски клубови. 

Кустошија влезе во историјата на хрватскиот фудбал кога за пет милиони евра ѝ го продаде на Барса големиот талент, а тој со своите игри веќе го привлече внимането на гигантите како Борусија Дортмунд и Арсенал. Двата клуба би сакале да го доведат во своите редови, а воедно и да му дадат поголема шанса на Фаје, кој во моментов настапува за младинскиот тим на Каталонците. 

Дортмунд има понуда за позајмица со откуп, додека Арсенал веќе понудил 20 милиони евра и дополнителни бонуси и клаузули, во зависност од перформансот на играчот во иднина. Според договорот со Барселона, на Кустошија ѝ следуваат 20% од идниот трансфер на Фаје, па во овој случај третолигашот би се збогатил за дополнителни четири милиони евра и би стигнал до цифрата од девет милиони, што секако е огромна сума за балкански нисколигаш.