Барселона го претвори синот на Роналдињо од фудбалер во камерман

Синот на славниот Роналдињо, Жоао Мендеш, има големи проблеми во младинскиот тим на Барселона, а шпанските медиуми изнесоа детали за неговата ситуација која не е баш најсјајна. 

19-годишниот фудбалер минатото лето потпиша договор со каталонскиот гигант, но неговите игри воопшто не ги задоволија тренерите, па освен неколку атрактивни потези, клубот од него не виде буквално ништо. 

Соработката му истекува на крајот од сезонава, но јасно е дека нема да добие продолжување, туку ќе мора среќата да си ја бара во друг клуб. Мендеш во последно време не добива место ниту во поширокиот тим, а деновиве тренерите му дале и нова задача која нема никаква врска со играњето фудбал. 

Младиот Мендеш добил задача да ги снима тренинг-натпреварите на тимот, за подоцна да може да се прави видео-анализа, но медиумите во Шпанија пишуваат дека е ова е прилично голема деградација за фудбалерот. 

Роналдињо „јуниор“ најверојатно го привршува престојот во Барса и наскоро ќе побара нова средина, а можно е да замине и во некој друг шпански клуб, каде би имал поголема минутажа.