Барселона го планира Пато за јануарскиот преоден рок

Алесандре Пато

Во Шпанија денес се шпекулира околу можен трансфер на некогашниот талент на светскиот фудбал, Алесандре Пато, во каталонскиот тим. Имено, Барселона ќе се обиде да ја пополни клупата, како би ги одморила главните играчи за долгата сезона.

Според пишувањето на медиумите блиски до каталонскиот гигант, Барса има испратено скаути во Бразил, кои ја следат играта на 26-годишниот некогашен напаѓач на Милан. Бразилецот, моментално игра во Сао Паоло, каде е позајмен од Коринтијанс.

Претходно се шпекулираше дека Пато може да заврши во Премиер лигата. Вест Хем беше најголем кандидат за потпис на бразилскиот напаѓач. Овие дена се очекува разврската за иднината на напаѓачот на Сао Паоло.