Барселона го „блиндира“ Педри со клаузула од ЕДНА МИЛИЈАРДА евра

Екипата на Барселона, и покрај финансиската криза, ќе успее да го задржи својот „бисер“ на средината на теренот Педри

18-годишниот фудбалер минатата сезона го покажа својот раскошен талент, беше круцијален во играта на Барселона, а се наметна и во репрезентацијата на Шпанија. Тој одигра огромен број натпревари, па тоа си го зеде данокот и моментално заздравува од повреда на мускулите. 

Барса долго работи на неговиот договор, слично како и со Ансу Фати. Според пишувањето на добро упатениот Фабрицио Романо, Педри ќе парафира петгодишна соработка со каталонскиот тим. Договорот е веќе постигнат, а треба да биде официјализиран во наредните денови. 

Покрај целосното сложување за плата и сите останати детали, Барселона ќе продолжи со својот принцип на работа. Во договорот на Педри ќе биде вметната откупна клаузула од ЕДНА МИЛИЈАРДА евра, со цел да се избегне сценарио како тоа со Нејмар. Младиот фудбалер веќе се проценува на осумдесет милиони евра, ама има само осумнаесет години и цената само ќе расте ако продолжи со истото темпо.