Барселона ги прифаќа саудиските милиони за еден од своите капитени?

Германскиот голман на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, се рехабилитираше од тешката повреда и се врати меѓу стативите, но информациите од шпанските медиуми велат дека каталонскиот гигант добил навистина „солена“ понуда за неговите услуги и можно е да ја прифатат поради големите финансиски проблеми на клубот. 

„Релево“ пишува дека саудискиот клуб Ал-Итихад е сериозно заинтересиран за услугите на голманот и веќе испратил првична понуда до Барселона, вредна околу 45 милиони евра. Германецот има важечки договор до 2028 година, но можно е управата да ја прифати понудата и на тој начин уште малку да ги „залечи“ проблемите со големите долгови, но не е познато дали Тер Штеген така лесно би се преселил на арапскиот полуостров.

Истиот извор наведува дека Ал-Итихад би можел да го привлече чуварот на мрежата со огромна плата, која би изнесувала нешто над 15 милиони евра по сезона, а конечната одлука ќе се донесе пред почетокот на преодниот рок. 

31-годишниот Тер Штеген е член на Барселона од 2014 година и досега запиша вкупно 271 натпревар во дресот на каталонскиот гигант, а воедно е и еден од ротирачките капитени на тимот.