Барселона е виновникот за хаосот во Хајдук и случајот Перишиќ!?

Иван Перишиќ е во центарот на вниманието на јавноста откако Џенаро Гатузо го исфрли од првиот тим на Хајдук пред гостувањето кај Локомотива. После тоа Италијанецот изјави дека Перишиќ побарал да си замине, а сега се појави неверојатната информација дека наводно бил контактиран од Барселона.

Перишиќ на почетокот на годината пристигна од Тотенхем во Хајдук, а неговото враќање во клубот од Пољуд ја крена на нозе цела Далмација, но за само неколку месеци ситуацијата се промени. Откако Гатузо го исфрли од првиот тим поради дисциплински прекршувања, се погласни се гласините за заминување на Перишиќ.

Бајката на Перишиќ во Сплит полека се претвора во вистински кошмар, а не му помогна ниту Гатузо, кој синоќа по натпреварот со Локомотивa изјави дека искусниот играч пред 20 дена му рекол дека сака да го напушти клубот.

По сите тие случувања во Хајдук, јавноста беше изненадена од шпекулациите дека целиот хаос започнал затоа што Барселона наводно стапила во контакт со Перишиќ. Познато е дека Перишиќ успешно соработуваше со Ханси Флик во Баерн и се зборува дека би сакал да го види Хрватот во Барселона за да има резервна опција на бековските и крилнитепозиции.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.