Барселона два месеци без еден од „бисерите“

Фудбалерот на Барселона, Марк Касадо, поради повреда на десното колено ќе биде надвор од терените два месеци.

„Утринава беа направени дополнителни тестови на нашиот првотимец Марк Касадо, кои потврдија делумно кинење на лигаментите на десното колено. Тој ќе биде подложен на конзервативен третман и се очекува да биде надвор од теренот околу два месеци“, се вели во соопштението на Барселона.

Шпанскиот играч за врска, кој е дете на Барселона, во досегашниот дел од сезоната одигра 37 натпревари за Барселона, а со повреда се здоби во неделата на натпреварот против Атлетико Мадрид.

Барселона се искачи на првото место на табелата во Примера, додека по двомечот против Бенфика се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде ќе игра против Борусија Дортмунд.