Барселона дошла да го гледа Јовиќ, но Крстајиќ не го пушти во игра!

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ е желба на многу европски клубови, меѓу нив и Барселона, чии претставници дошле на дуелот меѓу Португалија и Србија да го следат фудбалерот, но, немаа среќа да уживаат во изданието на фудбалерот.

Шпанските медиуми објавија дека Ерик Абидал бил во Лисабон на средбата која се играше во рамки на квалификациите за ЕП 2020 за да го следи српскиот голгетер кој настапува за Ајнтрахт Франкфурт. Но, селекторот на Србија, Младен Крстајиќ, реши да не му даде шанса, па го остави на клупата и довербата му ја даде на Александар Митровиќ.

Јовиќ веќе одредено време е мета на Барселона, поради неговите одлични настапи во Германија. Оваа сезона тој за Ајнтрахт Франкфурт даде 22 гола, а „Трансфермаркт“ го проценува на 50 милиони евра.

Србија на гостувањето во Лисабон дојде до голем бод, откако одигра 1-1 со фаворизираната Португалија која остана без Роналдо поради повреда.

Европско првенство, Квалификации, Група B
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 УкраинаУкраина 4 3 1 0 8:1 7 10
2 ЛуксембургЛуксембург 4 1 1 2 4:5 -1 4
3 СрбијаСрбија 2 3 1 1 1 5:7 -2 4
4 ПортугалијаПортугалија 1 2 0 2 0 1:1 0 2
5 ЛитванијаЛитванија 1 3 0 1 2 3:7 -4 1