Барселона доби дозвола од Примера, пристигнува џокер во нападот

Екипата на Барселона доби потврден одговор од челниците на Примера, за несекојдневното барање на дозвола да потпишат напаѓач надвор од преодниот рок. Ваквото барање беше испратено со основа дека Луиз Суарез и Осман Дембеле се повредија и ја завршија сезоната.

Речиси сите угледни медиуми од Шпанија пишуваат дека лигата ќе направи исклучок кој во правилата е насловен како медицински трансфер и Барселона ќе доведе засилување. Веќе доста се шпекулираше за тоа кој би го засилил нападот на Кике Сетиен, а се зборува дека каталонската екипа има буџет од околу 20 милиони евра за напаѓач. 

Меѓу имињата кои може да бидат џокер на Барселона се споменуваат Анхел Родригез (Хетафе), Лукас Перез (Алавес), Енес Унал (Ваљадолид), Анте Будимир (Мајорка), Мартин Брајтвајт (Леганес) и помалку веројатно Вилијан Хозе (Реал Сосиедад).