Барселона до рекорден трет трофеј во младинската Лига на шампиони!

Младинците на Барселона го освоија трофејот во УЕФА Лигата на млади, откако во финалето во Нион беа подобри од овогодинешната сензација Трабзонспор со 4-1. 

Каталонскиот тим беше убедлив во финалето и не му дозволи на турскиот ривал да ја комплетира сензацијата. Младите фудбалери на Трабзонспор во нокаут рундата ги исфрлија трите италијански ривали Јувентус, Аталанта и Интер, а потоа во полуфиналето и Салцбург, но немаа сили против Барселона. 

Од друга страна, шпанскиот претставник до мечот за трофејот дојде преку Динамо Загреб, Астон Вила, Штутгарт и АЗ Алкмар во нокаут фазата. 

Околу натпреварот во Нион, Барселона набрзина поведе со двата гола на Ибрахим Диара и Андрес Куенка до 18. минута. Потоа во продолжението Хуго Алба зголеми на 0-3 пред вторпат да стрела Диара. Почесен гол за Трабзонспор постигна Бибџан Тибукоглу пред крајот. 

Барселона стана прв тим во историјата на младинската Лига на шампиони со три трофеи, а двоен освојувач е само уште Челзи.

ФОТО/PHOTO: UEFA