Барселона бара напаѓач, Милан ѝ го понуди „отпишаниот“ од Аморим!

Шпанската Барселона продолжува да бара засилување во нападот, а во кругот на потенцијални нови имиња се појави и Кристофер Нкунку, трансфер кој би бил прилично неочекуван за навивачите на каталонскиот гигант. 

Според информациите на „Ел Насионал“, францускиот репрезентативец се нашол на располагање на трансфер-пазарот откако тренерот Рубен Аморим решил дека нема да му биде потребен во текот на сезоната. 

Нкунку минатото лето пристигна на „Сан Сиро“ од Челзи, но по само една сезона неговиот статус во италијанскиот клуб веќе не е ист.

Во Барселона активно се бара ново решение во офанзивата, а Нкунку се издвојува како интересна можност поради неговата достапност и потенцијално поволните услови за трансфер.

Според истиот извор, спортскиот директор на каталонците, Деко, не ја отфрлил можноста Французинот да се пресели на „Камп Ноу“, па останува да се види дали оваа опција ќе прерасне во конкретен трансфер во финишот од преодниот рок.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.