Барсегјан: Верувам дека можеме да се надигруваме со Шкендија

Стартот на новата сезона во ПМФЛ ќе го донесе првото големо дерби помеѓу Шкендија и Вардар, кое ќе се одигра оваа сабота во Тетово.

Промените во составот на вардарци според Тигран Барсегјан нема да донесат поинакви амбиции во натпреварувачката сезона.

„Одиме на победа како и на секој натпревар. Имаме поинаква екипа од лани, меѓутоа верувам дека и овие играчи можат да дадат максимум со Шкендија и да ги освоиме бодовите. Само со ангажирана игра можеме да се надеваме на добар резултат. Сепак, ја респектираме екипата на Шкендија која што се покажа добро во Европа. Меѓутоа имаме и ние квалитет, и во минатите сезони покажавме дека можеме да се надигруваме со Шкендија, особено на нејзин терен. Се надевам дека утре ќе дојдеме до посакуваната цел. Се надевам и посакувам успешно да го стартуваме новиот шампионат“ , изјави Ерменецот.

Покрај дербито, утре на програмата е и мечот помеѓу Работнички и Ренова.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 7 2 1 14:6 8 23
2 ШкендијаШкендија 10 5 4 1 20:11 9 19
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 10 5 1 4 12:10 2 16
4 РаботничкиРаботнички 2 10 4 2 4 14:18 -4 14
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 2 10 3 4 3 9:7 2 13
6 БеласицаБеласица 2 10 3 4 3 9:11 -2 13
7 РеноваРенова 3 10 3 2 5 11:13 -2 11
8 ПобедаПобеда 3 10 3 2 5 7:10 -3 11
9 ШкупиШкупи 1 10 2 3 5 8:11 -3 9
10 СилексСилекс 1 10 1 4 5 6:13 -7 7