ВИДЕО: Барса и Јуве лесно до нокаут фазата, Халанд незадржлив за Клуб Бриж

Фудбалерите на Барселона останаа перфектни и стигнаа до четврта победа на гостувањето кај Динамо Киев (0-4) во групата Г.

Лионел Меси и Френки Де Јонг добија одмор на овој меч, но и покрај тоа шпанскиот гигант се покажа како неосвоива тврдина за тимот од Украина. Дефанзивецот Дест и Брајтвајт во период од само пет минути обезбедија недостижна предност за гостите. 

  • Динамо Киев - Барселона 0-4: 

Десниот бек постигна деби погодок во дресот на Каталонците, а неговиот соиграч се најде на вистинското место на подалечната статива и немаше проблем да ја зголеми предноста. Брајтвајт погоди за 0-3, а конечниот резултат во завршницата го постави Антоан Гризман.

Јувентус едвај победи на домашен терен со Ференцварош (2-1) и го потврди пласманот во осминафиналето. Кристијано Роналдо првпат сезонава постигна гол во Лигата на шампионите, погодувајќи од голема далечина со својата лева нога. Претходно Узини донесе водство, со итра реализација во 19. минута. Херој на италијанскиот првак беше Алваро Мората кој го реализира центаршутот на Квадрадо во втората минута од надополнувањето.

  • Јувентус - Ференцварош 2-1:  

Човекот кој и натаму е страв и трепет за секоја одбрана е Ерлинг Халанд. Норвежанецот постигна два нови гола во убедливото издание на Борусија Дортмунд против Клуб Бриж на домашен терен (3-0). На голеадата се надоврза Џејдон Санчо кој реализира прекрасен слободен удар во првиот дел.

  • Борусија Дортмунд - Клуб Бриж 3-0:

Одлична позиција за нокаут фаза обезбеди Лацио кој без проблеми го надигра Зенит (3-1). Најдобриот стрелец на тимот на Симоне Инзаги, Чиро Имобиле, повторно отскокна од групата и во два наврати се запиша во листата на стрелци.

  • Лацио - Зенит 3-1:

Остатокот од натпреварите од четвртото коло во Лигата на шампионите се игра утре.