• Сашо Поповски
Ангажирањето на Зинедин Зидан е третата тренерска промена во редовите на Реал Мадрид во тековната сезона.
Флорентино Перез побара спас во Французинот, по неуспесите на Сантијаго Солари и Јулен Лопетеги. Легендата на „кралскиот“ клуб си замина од шпанската престолнина на крајот од минатата сезона, откако стигна до третата титула во низа во Лигата на шампионите.
Тоа не е ништо чудно кога е во прашање тековниот претседател на мадриѓани, кој често знае да прави промени кога се во прашање тренерските имиња.
Отказите се нешто со што Реал може да се „пофали“ дека ги има повеќе од лутиот ривал Барселона. Каталонците од 2003 година до денес му врачиле отказ на само еден тренер, а тоа е Луј Ван Гал.
За разлика од нив, „кралевите“ се ослободиле од десет стратези меѓу кои Карлос Кеироз, Гарсија Ремон, Вандерлеј Луксембурго, Фабио Капело, Бернд Шустер, Мануел Пелегрини, Карло Анчелоти, Рафаел Бенитез, Сантијаго Солари и Јулен Лопетеги.
Потврда дека најтешко е да се задржи тренерската позиција во шпанскиот гигант во целиот фудбалскиот свет...