Барса во проблеми, се повреди уште еден клучен играч од средниот ред

Френки де Јонг дуелот со Селта Виго во Примера го напушти куцајќи, а денеска на тренинг на Барселона се појави со патерици и со лонгета на десната нога.

Холанѓанецот заработи тешка повреда на скочниот зглоб и ќе отсуствува неколку недели. Така, тренерот на шампионот на Шпанија, Чави Ернандез загуби два силни адути во средниот ред, бидејќи покрај Де Јонг, кој минатото лето беше на мета на Манчестер Сити, повторно во амбуланта е и Педри. И нему му претстои пауза, но можеби не толку долга како Холанѓанецот.

Според „Марка“, постои реална можност Де Јонг да ги прескокне, не само октомвриските обврски во селекцијата на Холандија, туку и првото „Ел Класико“ оваа сезона против Реал Мадрид, кое ќе се одигра на 28 октомври.