Барса спрема нов бран на продажби, Кристенсен се сели во Серија А

Барса почнува нова акција за продажба на своите прекубројни фудбалери, за да собере средства за регистрација на Дани Олмо во вториот дел на сезоната. Првиот кој е избран за продажба е Данецот Кристенсен.

Интер e заинтересиран за дефанзивецот Андреас Кристенсен. 28-годишниот Данец кој неодамна беше подложен на операција на Ахиловата тетива, има договор со шпанскиот состав до 2026 година.

Според најавите, искусниот фудбалер нема да се врати на терените барем до средината на јануари.