• Саше Љолес
Екипата на Барселона малку се измачи на гостувањето во Прага, но успеа на крајот да ја победи Славија со убедливи 2-4 (2-2) во седмото коло од Лигата на шампионите.
- Славија Прага - Барселона 2-4:
И покрај отсуството на неколку првотимци, шпанскиот гигант ја покажа својата сила и го завери триумфот во второто полувреме, кога стрелаа Дани Олмо и Роберт Левандовски. Фермин Лопез беше двоен стрелец во првиот дел, а за домашниот тим погоди Васил Кусеј во десеттата минута. Полјакот Левандовски си постигна автогол на истекот на првите 45 минути.
Барса ја потврди својата доминација со единаесет удари во рамките на голот и сосема заслужено освои три бода, со кои сега се пробива до деветтата позиција на табелата.
- Баерн Минхен - Унион Сент Жилоа 2-0:
Баерн Минхен го совлада тимот на Унион Сент Жилоа со конечни 2-0, а двата погодока беа дело на незапирливиот Хари Кејн. Англичанецот го отвори резултатот во 52. минута, а веднаш потоа прецизно изведе и удар од белата точка, носејќи му нов сигурен триумф на својот тим.
Капитенот на англиската репрезентација потоа промаши уште еден пенал, овој пат во 80. минута, но тоа воопшто не влијаеше на конечниот исход.
- Аталанта - Атлетик Билбао 2-3:
Италијанската Аталанта беше непријатно изненадена од Атлетик Билбао на домашен терен и загуби со конечни 2-3 (1-0).
Тимот од Бергамо поведе со голот на Џанлука Скамака, но гостите од Баскија режираа голем пресврт во второто полувреме и ги освоија бодовите со погодоците на Гурузета, Серано и Наваро. Конечните 2-3 ги постави Црногорецот Никола Крстовиќ, кој биеше на две минути до истекот на регуларното време.
Екипата на Челзи потешко од очекуваното се справи со кипарскиот Пафос и славеше само со минимални 1-0 (0-0). Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Моизес Каиседо во 78. минута од натпреварот.
Јувентус забележа многу важна победа над Бенфика во Торино (2-0) и ги задржа шансите за нокаут-фаза. Турам и Мекени погодија во вториот дел за победа, а вреди да се напомене дека „орлите“ промашија пенал за да се вратат во игра преку Павлидис.
- Олимпик Марсеј - Ливерпул 0-3:
Ливерпул покажа моќ кај Марсеј, кого во Франција го совлада со 3-0. Соболсај, Гакпо и автоголот на Рули беа погодоците за триумф на „црвените“ на Арне Слот.
- Њукасл - ПСВ Ајндховен 4-0:
Слична победа извојува и Њукасл Јунајтед против ПСВ Ајндховен (3-0). Виса, Гордон и Барнс ги донесоа посакуваните три бода за премиерлигашот во елитата.







