Нови проблеми за Барса пред ЛШ и „Ел Класико“

Барселона

Екипата на Барселона убедливо го совлада Еибар и се искачи на врвот на Примера, користејќи го киксот на Реал Мадрид кај Леванте.

За тимот на Кике Сетиен следува значаен период од сезоната. Најпрво е закажано соочувањето со Наполи на Ељиф Елмас, а потоа се игра второто „Ел Класико“ во Примера.

Мал проблем за Каталонците ќе биде отсуството на Серхи Роберто. Шпанскиот интернационалец ќе биде надвор од конкуренција три до четири недели и ќе го пропушти овој дел од тековната сезона.

Под знак прашалник е и неговиот настап на реваншот против Наполи, кој е закажан на 18 март.

Предводникот на каталонскиот тим ги одбра фудбалерите со кои ќе настапи во осминафиналето во Лигата на шампионите. На листата се најде и новото засилување во нападот Мартин Брајтвајт.