Барса сака да го предомисли Чави, но тој веќе има понуда од друг европски великан

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез на 27 јануари ја информираше јавноста дека на крајот на сезоната ќе го напушти каталонскиот гигант, но оттогаш овој клуб започна низа добри резултати.

Влезе во четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде наскоро ќе има двомеч против Пари Сен Жермен, додека во Примера сè уште е на минус осум во однос на Реал Мадрид и тешко веројатно дека ќе ја одбрани титулата.

Поради неговите неодамнешни солидни изданија, се појавија одредени шпекулации дека Чави можеби ќе остане во Барса, но каталонски „Спорт“ синоќа објави дека тој на лето би можел да го преземе славниот Ајакс.

„Копјаниците“ по крајот на сезоната ќе останат без тренер, бидејќи заминување најави и Џон ван Шип. Ајакс имаше очаен почеток на сезоната, во еден момент беше во зоната за испаѓање, но потоа ја подобри формата. Сега е петти на табелата во Холандија, се бори да излезе на меѓународна сцена и најверојатно од есен ќе игра во Конференциската лига или Лига Европа.