Барса подготви пари за талентот на Баер Леверкузен

Германски Баер Леверкузен го шокира Атлетико Мадрид и освои големи три бода на домашен терен.

Еден од подобрите поединци на мечот беше младиот Кај Хаверц. На трибините беа забележани скаути на Барселона, која будно ги следи настапите на 20-годишникот.

Талентираниот играч за врска, кој може да игра и на крилната позиција, е интересен за Каталонците, кои веќе подготвиле пари за неговите услуги. Понудата до „фармацевтите“ ќе биде испратена во текот на летото.

Јавна тајна е дека Хаверц ќе си замине од Леверкузен на крајот на сезоната, а за него постои интерес и од Баерн Минхен.

Германецот е стандарден во сите категории од репрезентацијата и набрзо се очекува негов блесок и во сениорската селекција.