• Иван Димовски

Барселона се измачи, ама успеа да се пласира во финалето на Суперкупот во Шпанија, откако подобро изведуваше удари од 11 метри од Реал Сосиедад 3-2 (1-1). Екипата на Куман поведе преку Де Јонг, ама Холанѓанецот направи пенал и Ојарзабал израмни. Иако Реал Сосиедад играше добро во финишот, испушти шанси да победи и на пенали загубија на крајот.
Првиот дел започна со шанса на Александер Исак, младиот напаѓач не се снајед најдобро и од блиску биеше право во Тер Штеген. Иако сите очекуваа дека на полувреме нема да има голови, за поинаков исход се погрижија Антоан Гризман и Френки Де Јонг. Французинот нафрли откосо, а играчот за врска со неверојатен акробатски потег со глава го матира противничкиот голман за 0-1 во 39. минута.
На стартот од продолжението баскијскиот тим доби пенал, откако Де Јонг играше со рака. Микел Ојарзабал покажа зашто се смета за најдобар во редовите на Реал Сосиедад и мирно реализира крај десната статива (1-1). Каталонците имаа уште две шанси до крајот, ама Гризман и Дембеле не реализираа, па се играа продолженија.
- Извештај од натпреварот:
Сосиедад беше подобар ривал во двете дополнувања од по 15. минути. Прво Залдуа, а потоа во финишот два пати Јанузај можеа да го решат натпреварот во своја корист, ама Тер Штеген ги спречи и го однесе мечот кон пенал-рулетот. Сосиедад отвори лошо и промаши три пенали, па иако си ги врати шансите сепак со 2-3 загуби и не стигна до финалето.