Барса плати 120 милиони за Гризман, но Атлетико доби 24 помалку!

Екипата на Барселона од денес и официјално се засили со уште едно големо фудбалско име. Каталонскиот гигант попладнево ја заврши уплатата од 120 милиони евра и својот напад го збогати со светскиот првак Антоан Гризман. 

По пет успешни години во редовите на Атлетико Мадрид, Гризман се реши да ја смени средината и потпиша петгодишен договор со Барса. Сумата од 120 милиони, која беше исплатена од страна на Барселона, не замина целосно во клубот од Мадрид, затоа што голем дел од овој колач прибра и Реал Сосиедад. 

Токму од тимот од Сан Себастијан, Гризман, беше афирмиран како врвен напаѓач, а денес, Реал Сосиедад е побогат за 24 милиони евра, благодарение на својот поранешен ас. Така, Реал од Гризман заработи 54 милиони евра, ако во предвид се земат 30-те милиони кои „јорганџиите“ ги платија за него пред пет години. 

Тоа значи дека Атлетико Мадрид од овој трансфер инкасираше 96 милиони евра.