ВИДЕО: Барса одново победува, Мемфис и Бускетс ја срушија Мајорка

Мемфис

По два врзани порази во низа на домашен терен, екипата на Барселона конечно ги израдува фановите и ја надигра Мајорка (2-1) на „Камп Ноу“, во натпревар од 34. коло од Примера. Гостите од Балеарските острови намалија во завршницата и се понадеваа на реми. Но, каталонскиот гигант не дозволи изненадување и рутински ја сочува стекнатата предност од два гола.

  • Извештај од натпреварот: 

Мемфис Депај по подолг период доби голема минутажа. Холанѓанецот беше стрелец на првиот погодок на натпреварот. По 25 минути игра тој искористи ситуација еден на еден со гостинскиот голман и ја израдува публиката. Доминацијата на Каталонците беше крунисана со втор гол, овојпат од далечина во режија на Серхио Бускетс.

Барса постигна трет погодок, но Феран Торес не доби шанса за радост поради офсајд позиција. Мирниот период од мечот гостинскиот тим го искористи за да ја ублажи негативата преку Антонио Раиљо.

Тимот на Чави Хрнандез се врати на втората позиција, а Мајорка до крајот на сезоната ќе трепери за својот опстанок во елитата.

Состави

Чави

4-3-3

    Javier Aguirre

    3-4-1-2