Барса незадоволна од изборот на судија за второто „Ел Класико“

Лахоз

Анкетите во Шпанија велат дека Матеу Лахоз е најнеомилениот судија во цела Шпанија. Неговото име е тема број еден во светските медиуми, откако ја доби довербата да биде делител на правдата на второто сезонско „Ел Класико“.

Реал Мадрид овој викенд ќе ја пречека Барселона во обид да ја анулира негативата од два бода. Зинедин Зидан и Кике Сетиен имаат мали проблеми со повреди, пред мечот кој значи многу во борбата за титулата.

Каталонците не се задоволни од изборот на арбитарот, поради лошите спомени кога тој бил дел од нивните натпревари. 42-годишникот донел доста сомнителни одлуки во минатото на штета на Барса.

Овој избор без сомнеж ќе ја подгрее атмосферата пред неделното дерби кое започнува во 21:00 часот.