Барса нема милост: Му го одзеде статусот на легенда на Алвес

Алвес

Дани Алвес повеќе не е легенда на Барселона. Клубот вака реагираше откако Бразилецот беше осуден на четири и пол години затвор поради силување.

Со 43 титули, поранешниот десен бек на Каталонците е играчот со најмногу трофеи во историјата на фудбалот. Два пати го носеше дресот на Барса, од 2008 до 2016 година и од 2021 до 2022 година. Одигра 431 натпревар, постигна 15 гола и освои сè што може да се освои.

Тој се најде на списокот од 102 играчи кои во 125-годишната историја се здобија со статус на легенда на Барселона. Сепак, неговото име сега е отстрането од таа листа.

Алвес на 30 декември силувал 23-годишна девојка во ноќен клуб, а пред неколку дена конечно беше осуден.