Барса не застанува со засилувања, тргнува по Вилиан од Челзи

Вилиан Барса

Екипата на Барселона денес ги официјализираше потписите на Клемент Ленгле и Артур, а веќе размислува за својот следен чекор на трансфер пазарот.

Името кое е интересно за Каталонците е Вилиан, кој одигра одличен Мундијал со репрезентацијата на Бразил. Според „Скај Спортс“, раководството на шпанскиот шампион испрати официјална понуда до Челзи во висина од 60 милиони евра.

Овој потег за многумина е нејасен, со оглед на минатогодишните засилувања во офанзивниот дел од екипата, Филипе Кутињо и Осман Дембеле.

29-годишниот Бразилец пристигна во Лондон пред пет години од екипата на Анжи.