Барса не сака нов „случај Вајналдум“, инсистира на екпресен договор со Депај

Депај

Барселона во последен момент ја загуби трката со Пари Сен Жермен за потписот на играчот за врска на Ливерпул, Џорџино Вајналдум.

Каталонците не сакаат да ја направат истата грешка, па сега активно работат на што поскоро склучување соработка со Мемфис Депај. Холандскиот репрезентативец веќе има понуда на маса и е приморан да одлучува што е можно побрзо.

Од „Камп Ноу“ до лидерот на холандската репрезентација пристигна понуда за соработка до 2024 година. Се очекува истата да ја прифати и конечно да си ја исполни желбата да заигра во шпанскиот гигант.

Депај моментално ги брани боите на Лион, а претходно беше дел од Манчестер Јунајтед и ПСВ Ајндховен.