Барса на пустинското „Ел Класико“ атакува на СТОТИОТ трофеј во историјата

Главниот град на Саудиска Арабија, вечерва ќе биде сцена на најголемото фудбалско дерби на планетата - „Ел Класико“. Борбата помеѓу Реал Мадрид и Барселона за првиот трофеј сезонава.

Во Ријад, кој е познат како „бисерот на пустината“ се игра финалето на шпанскиот Суперкуп. На стадионот „Алавал“, кој е дом на Ал Наср на Роналдо, од 20:00 часот ќе започне првото големо овогодишно големо дерби на двата шпански гиганти.

Чави има повеќе проблеми со повредени играчи, но и Карло Анчелоти има главоболки во пресрет на вечерашниот дуел. Искусниот италијански тренер нема да може да смета на Алаба, Милитао и Корто, додека на спротивната страна повредени се Маркос Алонсо, Гави, Мартинез, Рафиња, Тер Штеген, а неизвесен е Кансело.

Во секој случај, многумина ширум светот едвај го чекаат овој спектакл. Кој е фаворит? Како што знаете, нема фаворити на „Ел Класико“. Сè е можно, сè е отворено. Доколку Барса слави вечерва ќе стигне до бројот од СТО освоени трофеи во историјата, и со тоа ќе се израмни токму со Реал Мадрид. „Кралевите“ го освои својот стоти трофеј минатата година во Кралскиот Куп, а Барса го освои 99-от со освојувањето на Примера.

Претходните две дерби средби завршија со победи на Реал 2-1 и 4-0, додека Каталонците беа подобри во вториот дел од минатата сезона – 2-1.