Барса ќе ја заврши сезоната без Гризман, месец пауза за Французинот

Барселона ја заврши својата задача и го победи Ваљадолид во 36. коло од Примера. Тоа значи дека притисокот одново е кај лидерот Реал Мадрид, кој има само еден бод предност пред ривалот, но и натпревар помалку.

Лоши вести за каталонскиот тим е повредата на Антоан Гризман. Францускиот напаѓач го повреди квадрицепсот на десната нога и ќе биде надвор од конкуренција во наредните четири недели.

Голгетерот одигра едно полувреме и побара замина од Кике Сетиен поради болки. Денешните прегледи ја потврдија прогнозата на аналитичарите по вчерашната средба.

До крајот на сезоната Барса ќе одигра натпревари против Осасуна и Алавес, а воедно ќе се надева на кикс на „кралевите“ во трката за титулата.