• Иван Димовски


Барселона ја завршува сезоната без трофеј. Дали ќе биде втора, трета или четврта не е многу важно, она што е примарно во овој период е заверката на Лигата на шампионите, а затоа што таа мисија уште не е исполнета, гостувањето кај Бетис е од големо значење.
Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Бетис и Барселона
Момците од стадионот „Бенито Виљамарин“ исто така се борат за ТОП-4 и од таа страна ќе бидат максимално мотивирани. Ако по освојувањето на Купот на Кралот дојдат до позиција во Лигата на шампионите, тогаш оваа сезона ќе биде за паметење.
Бетис оваа сезона знаеше непријатно да изненади дома, испушти бодови против послаби екипи, додека Барселона на гости под Чави игра доста добро, подобро од на „Камп Ноу“ и нема лигашки пораз во 2022 година. Тоа ја става во улога на благ фаворит. Баш исто како и фактот дека со триумф ќе ја осигура Лигата на шампионите.
Квоти за останатите натпревари во Примера
Посебен мотив за домашните ќе биде тоа што каталонскиот гигант не паднал на Виљамарин цели 14 години. Генерално гледано, победа на домаќините во овие дуели се вистинска реткост. Постојат само три од 2017 година. Во првиот дел од сезоната, Бетис славеше во Барселона со 1-0. Пред тој натпревар на седум врзани дуели беше 5+, од што во шест наврати беше заедно со ГГ.