Барса, Јуве и Реал не мора да се грижат, УЕФА ги покани да играат во ЛШ

Барса Јуве Реал

УЕФА испрати порака до екипите на Јувентус, Реал Мадрид и Барселона преку која му го потврди учеството во Лигата на шампионите наредната сезона.

Овие три гиганти беа најупорните клубови кои бараа формирање на Европска Суперлига. Долго време се шпекулираше за некаков вид санкција, според која тие требаше да не играат неколку сезони во елитното натпреварување.

Сепак, Европската куќа на фудбалот одлучи да ги израдува челниците на клубовите, како и сите фудбалери и приврзаници. 

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, најави жестоки санкции за предводниците на движењето наречено Суперлига. Засега судовите стојат на страна на клубовите кои со помош на американска инвестиција се обидуваа да направат ново натпреварување.