ВИДЕО: Барса ја скокна Осасуна и закажа „Ел Класико“ за трофејот во Суперкупот

Фудбалерите на Барселона се радуваа на победа во полуфиналниот натпревар од Суперкупот на Шпанија, откако во второто полувреме го скршија отпорот на Осасуна (2-0). Избраниците на Чави Хернандез запишаа победа на „КСУ Стадион“ во Ријад, па се пласираа во финалето и закажаа спектакуларно „Ел Класико“ во Саудиска Арабија за трофејот. 

  • Извештај од натпреварот: 

Уште од стартот Каталонците се наметнаа и беа подобар ривал во Ријад. Осасуна беше принудена да се брани, а успешно ги одби налетите и шансите кои ги имаа Феран Торес и во два наврати Роберт Левандовски. Пред полувремето аутсајдерот можеше да остане со човек помалку, но за среќа судиите во ВАР собата утврдија дека стартот на Катена е замо за жолт картон. Осасуна имаше и една можност пред одморот преку Анте Будимир, меѓутоа безуспешно. 

Притисокот на Барса продолжи и во продолжението од мечот, а резултираше со водечки погодок на Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач доби топка од Илкај Гундоган, а потоа имаше одличен соло продор и ја смести топката во мрежата за 1-0 во 59. минута

До крајот на натпреварот Осасуна се обиде да се наметне и се отвори, па најдобрата шанса пак ја имаше Будимир. Сепак, тоа остави простор за транзиција, па од таква ситуација дојде и вториот гол на Барселона. Жоао Феликс се прошета низ одбраната и претрча доста, за на крајот да го проигра осамениот Ламин Јамал, кој ги постави конечните 2-0 во 93. минута.

Финалниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Барселона во Ријад се игра в недела во терминот од 22:00 часот.

Состави

Ханси Флик

4-3-3

    Висенте Морено

    3-4-2-1