Барса ја бара следната ѕвезда и ја „пикираше“ замената за Левандовски

Раководството на Барселона веќе работи на планот за освежување на нападот, со оглед на тоа што искусниот полски голгетер Роберт Левандовски се приближува до крајот на својата етапа на „Камп Ноу“. Ветеранот сè почесто се соочува со разни со повреди, а неговиот договор со клубот истекува следното лето, по што е извесно дека ќе го напушти тимот.

Каталонскиот весник „Sport“ објави дека челниците на Барселона како главна цел ја поставиле аквизицијата на напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн - најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација. Интересно е што и Левандовски пред две години пристигна во Барселона токму од редовите на Баерн.

Кејн во моментот има договор со клаузула за откуп вредна 65 милиони евра, сума која не изгледа превисока за играч со неговиот квалитет и голгетерски инстинкт. Барселона, според истите извори, сериозно размислува да ја активира оваа опција.

Според истиот медиум, англискиот напаѓач е запознаен со интересот од каталонскиот гигант и бара годишна плата од околу 25 милиони евра бруто, износ кој во моментов го добива и во Минхен. Сепак, останува да се види дали Барселона ќе може да го издржи тој финансиски товар, со оглед на тоа што клубот и понатаму се соочува со економски предизвици.