Барса има нова опција, Нејмар го губи трпението

Меси Нејмар трансфер

Пред две години, Нејмар си замина од Барселона за да не биде под сенка на Лионел Меси и за светски рекордни 222 милиони евра се пресели во ПСЖ.

Работите во Франција не се одвиваа како што посакуваше бразилскиот напаѓач, па авантурата посакува да ја заврши ова лето. Тој не ја крие желбата дека сака да се врати на „Камп Ноу“, но клубот не сака да го пушти под сумата која што ја плати за да го доведе.

Каталонците немаат пари за да го откупат Бразилецот, па се обидуваат да понудат неколку фудбалери во целата зделка. Но, тоа не е посакуван начин на соработка од страна на „принцевите“.

Тоа значи дека најнова опција за Барса ќе биде да чека до наредното лето. Тогаш, Нејмар ќе може да го напушти Париз за 170 милиони евра, како што гласи една клаузула во неговиот договор.

Останува да видиме дали Реал Мадрид ќе ја искористи финансиската немоќ на вечниот ривал за да испрати милионска и примамлива понуда до ПСЖ уште до крајот на тековниот преоден рок...