Барса и Јуве се договорија: Артур во Торино за 82 милиони евра

Барселона и Јувентус официјално се договорија за трансферот на Артур Мело и фудбалерот ќе патува во Торино од наредната сезона.

Италијанскиот клуб за услугите на Артур ќе плати вртоглави 82 милиони евра. 72 милиони евра се фиксна сума, плус 10 милиони евра како бонуси. Артур ќе ја доигра сезоната во Барселона, па потоа ќе се пресели во новата средина.

Од Јувентус се очекува да замине Миралем Пјаниќ и да ја засили Барселона. Бразилецот е член на каталонскиот тим од 2018 година, а во сите натпреварувања одигра 72 меча.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.