• Зоран Мишевски
Во очекување на потенцијално финале на фудбалерите на Барселона и Арсенал, во завршниот натпревар за трофејот од Лигата на шампионите се пласираа фудбалерките на овие два клуба. Барса и Арсенал ќе се борат за европската титула, откако на убедлив начин ги одиграа возвратните натпревари од полуфиналето.
Барса и на реваншот го совлада Челзи со 1-4 и со вкупни 8-2 се пласира во финалето. Бонмати, Пајор, Пина и Паналуело ги постигнаа головите за победничката екипа, а Каптен погоди за поразениот тим од Лондон.
- Челзи - Барселона 1-4:
Арсенал приреди подвиг и го совлада Лион во Франција со 1-4, откако минатата недела загуби во Лондон со 1-2. Ендлер, Колденти, Русо и Форд ги постигнаа головите за Арсенал, а Даморни погоди за Лион.
Завршниот натпревар се игра во Лисабон на 24 мај.