Барса го постави својот приоритет: „Пикиран“ е наследникот на Левандовски!

Каталонскиот гигант Барселона ја има поставено својата главна цел за следниот преоден рок - тоа е Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид! Информацијата ја потврдија повеќе шпански медиуми. 

Со оглед на тоа што легендарниот Роберт Левандовски ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, Барселона бара ново решение во нападот, а Алварез се смета за идеален наследник поради својата техника, брзина и способност да постигнува голови.

Раководството на Барселона е подготвено да направи големи напори за да го донесе 25‑годишниот Аргентинец на „Камп Ноу“, иако Атлетико Мадрид бара значителна откупна сума, што го отежнува овој трансфер. 

Иако преговорите сè уште не се официјално потврдени, интересот на Каталонците за Алварез е јасен - играч со потенцијал да го води тимот напред и да стане новата голема ѕвезда во нападот на Барселона.

Се претпоставува дека Атлетико нема да се задоволи со помалку од 110 милиони евра, сума која во моментов е многу проблематична за Барса, поради нејзините големи долгови и финансиски „дупки“. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.